За Алмак -

Започнавме како мала компанија 1991 година, со идеја да станеме компанија која ќе го подобрува животниот стил на луѓето од нашата земја и пошироко.

На стартот на 2000 година Алмак започна да работи во нова модерна фабрика од 10 000 метри квадратни.

Во Октомври 2012 Алмак пушти во производство нова најсовремена линија за тапацирање од 3500 метри квадратни. Исто така за неколку месеци Алмак ќе го отвори и најголемиот салон за мебел и се за дома во Македонија од 5500 Метри квадратни

Алмак располага со 2 малопродажни салони во Струмица каде се изложени сите модели од производната програма на Алмак. Исто така нудиме мебел од други реномирани куќи како Forma Ideale, Jela Jagodina, Sinkro, Струма мебел, Мани - Душеци

Производството е можно благодарејќи на сите вработени чија што бројка е над 250 вработени. Тие се распоредени во неколку сектори: сектор за дрвена обработка, сектор за тапацирање, за кроење и дизајн тим. Работењето на сите како еден тим го прави производството квалитетно.

Работењето на целиот тим придонесува кон современо и практично производство со најповолни цени во регионот.